Историја Journal of History
Total Page:16
File Type:pdf, Size:1020Kb
ИСТОРИЈА год. LV, бр. 1 Здружение на историчарите на Република Македонија JOURNAL OF HISTORY Year LV, No 1 Association of the Historians of the Republic of Macedonia ЗИРМ 2020 ИСТОРИЈА, год. LV, Скопје, 2020, бр. 1 JOURNAL OF HISTORY, Year LV, Skopje, 2020, No 1 РЕДАКЦИЈА Драгица ПОПОВСКА (Македонија, главен и одговорен уредник) Маја Ангеловска–Панова (Македонија) Вера Гошева (Македонија) Невен Радически (Македонија) Никола Минов (Македонија) Клер. К. Тејлор (Велика Британија) Ендрју П. Роач (Велика Британија) Јури Стојанов (Велика Британија) Денис Озден (Турција) Лила Мороз-Гжелак (Полска) Марио Катиќ (Хрватска) Марина Михаиловна Фролова (Русија) Стефан Рохдевалд (Германија) Марјан Иваноски (Македонија, секретар) EDITORIAL BOARD Dragica POPOVSKA (Macedonia, Editor in Chief) Maja Angelovska-Panova (Macedonia) Vera Goseva (Macedonia) Neven Radicheski (Macedonia) Nikola Minov (Macedonia) Claire K. Taylor (United Kingdom) Andrew P. Roach (United Kingdom) Yuri Stoyanov (United Kingdom) Denis Özden (Turkey) Lila Moroz-Grzelak (Poland) Mario Katic (Croatia) Marina Mihailovna Frolova (Russia) Stefan Rohdewald (Germany) Marjan Ivanoski (Macedonia, Secretary) Лектор: Proof Reader: Нада Алексоска Nada Aleksoska Техничка обработка: Technical Editing: Никола Минов Nikola Minov Здружение на историчарите на Република Македонија 2020 СОДРЖИНА/CONTENTS НАУЧНИ ТРУДОВИ / SCIENTIFIC PAPERS Дарин АНГЕЛОВСКИ Преводна рецепција на дела од античката историографија (1945-2000) 7 Darin ANGELOVSKI The Translation and Critical Reception of Ancient Historiography in Macedonia (1945-2000) Dragan GJALEVSKI An Outline of Byzantine Diplomacy in the Eastern Adriatic Region 21 (c. 867-1000) Драган ЃАЛЕВСКИ Кратка историја на византиската дипломатија во источниот јадрански регион (околу 860-1000) Gherghina BODA Family and Society in the Civil Code of 1864 and in the Family Code of 1954 in 47 Romania Гергина БОДА Семејството и општеството во граѓанскиот кодекс од 1864 година и во семејниот кодекс од 1954 година во Романија Ivanka VASILEVSKA The Influence of the Versailles Treaties from 1919 in the Balkans 59 Иванка ВАСИЛЕВСКА Влијанието на Версајскиот договор од 1919 година на Балканот Вера ГОШЕВА Илегалната трговија на македонскиот опиум (1919-1941) 73 Vera GOSHEVA The Illegal Macedonian Opium Trade (1919-1941) Александар ЛИТОВСКИ Роберто ТРАЈКОВСКИ Воените операции за ослободување на Битола и Битолско во 1944 година 81 Aleksandar LITOVSKI Roberto TRAJKOVSKI Military Operations for the Liberation of Bitola and the Bitola Region in 1944 Наташа ДИДЕНКО Македонскиот музички деец и општественик Петре Богданов-Кочко и 93 неговиот придонес во современиот музички живот во Македонија Natasa DIDENKO Macedonian Musician and Public Figure Petre Bogdanov-Kočko and his Contribution in the Contemporary Music Life in Macedonia Evelyn REUTER From Folk Religion to Church Politics: Naum’s Significance in Macedonia 107 Евелин РОЈТЕР Од народна религија до црковна политика: значењето на Наум во Македонија Марјан ГИЈОВСКИ Улогата на Јанко Томов во националното и политичко организирање на 127 Македонците во Австралија Marjan GIJOVSKI The Role of Janko Tomov in the National and Political Organization of Macedonians in Australia МАТЕРИЈАЛИ / MATERIALS Михаил Николаевич БУТЫРСКИЙ Павел Евгеньевич ЛУКИН Записка П. А. Лаврова о македонском вопросе 143 Михаил Николаевич БУТИРСКИЈ Павел Евгениевич ЛУКИН Белешка на П. А. Лавров за македонското прашање Силвана СИДОРОВСКА-ЧУПОВСКА Српскиот конзулат во Серес: извештајот на Бранислав Нушиќ од 1897 година 155 Silvana SIDOROVSKA-CUPOVSKA The Serbian Consulate in Serres: the Report of Branislav Nušić from 1897 Наташа ДИДЕНКО Курсевите како подготовка за музички образован наставен кадар во 165 Македонија Natasa DIDENKO The Courses as a Preparation for the Music Educational Teaching Staff in Macedonia Ѓорѓи МАЛКОВСКИ Книги за попис на населението во град Велес во 1942 година – подновен 181 регистер за населението во општината на 1 декември 1942 година Gjorgji MALKOVSKI Books for the Population Census in the City of Veles in 1942 – Renewed Register for the Population in the Municipality on December 1, 1942 Ѓорѓи МАЛКОВСКИ Марјан ИВАНОСКИ Извадок од записникот од седницата на Извршниот Совет на Народното 193 собрание на Народна Република Македонија (8.ΙΙ.1956 година) кој се однесува на бегалците од егејскиот дел на Македонија Gjorgji MALKOVSKI Marjan IVANOSKI Excerpt from the Minutes of the Session of the Executive Council of the National Assembly of the National Republic of Macedonia (8.II.1956) Which Concerns Refugees from the Aegean Part of Macedonia ПРИКАЗИ/BOOK REVIEWS Драган ЗАЈКОВСКИ Драган Ѓалевски, Византискиот воен систем на Балканот: еволуција и 207 трансформација (средина на VI–средина на IX век), Институт за национална историја, Скопје 2018, 314 БИБЛИОГРАФИЈА/BIBLIOGRAPHY Никола МИНОВ Библиографија на научните трудови и другите наслови објавени во 211 списанието „Историја“ од год. XXXI-XXXII, бр. 1-4 до год. LIV, бр. 2 (1995 до 2019) НАУЧНИ ТРУДОВИ/SCIENTIFIC PAPERS УДК: 930:81’02(381)”1945/2000” Дарин АНГЕЛОВСКИ Институт за македонска литература Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ПРЕВОДНА РЕЦЕПЦИЈА НА ДЕЛА ОД АНТИЧКАТА ИСТОРИОГРАФИЈА (1945-2000) Abstract: The paper follows the published works in the field of ancient historiography in Mace- donia in the period from 1945-2000. The research took into account the Macedonian translations made according to original sources and published as stand-alone editions or as a selection of shorter parts and fragments in the periodicals. In this way, the paper aims to offer the fullest pos- sible insight into the scope, intensity, character of the translation waves of works of ancient histo- riography in Macedonia in the period from 1945 to 2000. Key words: ancient historiography, translation, reception, Macedonia, Herodotus, Curtius Rufus, Titus Livy, Caius Julius Caesar, Cornelius Tacitus, Arrian, Justin Античките историографски дела спаѓаат во низата на научни дела кои се согледуваат и како примери на прозни литературни остварувања. Како основа за ваквото определување на античката историографија се зема нејзината фено- менологија на „наративен конструкт кој подразбира наратор (раскажувачки суб- јект), чин на нарација (раскажување и прераскажување), чин на фокализирање (заземање агол на набљудување, перспектива од којашто се вреднува историјата во однос на сегашноста и во однос на раскажувачкиот интерес), наратив (колек- тивно приопштена приказна), аудиториум на којшто му е наменета приказната, код на историскиот дискурс (исторични конвенции на репрезентација на исто- ријата).“1 Отстапка од предложената идејна рамка прават делата на јонските ло- гографи кои се подредени да служат на практичните потреби на заедницата, та затоа и не се сметаат за уметнички обликуван наратив. Оттука, значењето на ан- 1 Ката Ќулавкова, „Одредница Историја“ Поимник на книжевната теорија. гл. ред. Ката Ќу- лавкова (Скопје: МАНУ, 2007), 224-225. 8 Дарин АНГЕЛОВСКИ, Преводна рецепција тичката историографска практика се однесува на нејзината функција да ги опи- шува, исчитува, толкува и објективизира настаните од минатото во хронолошка последователност според принципите на веродостојноста и непристрасноста како нејзини основни постулати. Така на приме Аристотел кога размислува за историската проза, тој вели дека за разлика од поезијата, која својот предмет го насочува кон општото, односно, кон она што е возможно или неопходно да се случи, историјата како свој предмет го има конкретното или посебното, од- носно, она кое навистина се случило.2 Првите објави на дела од античката историографија на македонски јазик претставуваат избор на подолги и покуси фрагменти кои имаат за цел да ги за- доволат потребите на наставните планови по предметот Историја во основното образование. Нив ги евидентираме во текот на педесеттите години од минатиот век кога во рамките на учебното помагало Историска читанка за стариот век меѓу застапените теми за древните општества излегува избор од делата на ан- тичките историографи Херодот, Плутарх, Тукидид и Тит Ливиј најверојатно во превод од посреден јазик.3 Првите импулси во преводната рецепција на дела од античката историог- рафија направени од критички изданија ги бележиме во текот на седумдесетти- те години од минатиот век кога како сепарат на списанието Историја излегува Животописот на Александар од Плутарх4 во превод на Анастас Таховски.5 Пре- ведувачкиот интерес на Таховски за делата од античката историографија не се однесува единствено на оваа објава, туку и на други дела, кои од за нас непозна- ти причини останале необјавени. Овие преводи денес, заедно со други негови необјавени преводи на дела од античката драмска и епска литература, се чуваат во Архивот на МАНУ. 6 Станува збор за избор од делото на Херодот7 и две писма од римскиот прозаист Плиниј Помладиот.8 2 Arist. Poet. XI 1451 b 1-7. 3 Херодот, Плутарх, Тукидид, Тит Ливиј. „Историска читанка за стариот век“ гл. ред. Тодор Шоп- трајанов (Скопје: Просветно дело, 1955). 4 Плутарх (Plútarchos; 46-127 г.) роден во Бојотска Хајронеја. Се образувал во Платоновата фило- софска школа. Како млад извршувал мноштво општествени должности и патувал во Мала Азија, Египет и Рим. Одржувал добри односи со видни римски политичари и ја уживал довербата на Флавиевците, а подоцна и на императорите Трајан и Хадријан. Напоредни животописи е негово- то најпознато дело. Делото содржи 23 „двојни“ биографии на видни хеленски и римски граѓани. Во овие биографии Плутарх се обидува да ја разграничи задачата на биографизмот од онаа на историјата истакнувајќи