НУ МСУ | NI Moca, 2018

НУ МСУ | NI Moca, 2018

НУ МСУ | NI MoCA, 2018 Благоја Графичката колекција на НУ МСУ, Скопје како најдоминантен сегмент во збирката Варошанец на Музејот со над 2000 отпечатоци изработени во различни графички техники, го кустос предизвика концептот преку издржана ликовно-естетска анализа на материјалот, односно преку публикација да се презентира ова културно наследство. Поголем дел Предговор од графиките припаѓаат на меѓународната збирка на Музејот што е прогласена за културно наследство од особено значење. Публикацијата ги опфаќа разновидните истражувања на уметниците и нивните индивидуални стремежи преку графичкиот ликовен израз, како и развојот на графичката уметност-широкиот дијапазон стилски определби што се движат во рамките на фигуративниот, нефигуративниот, апстрактните тенденции па сè до поп уметноста и концептуалниот дискурс што ќе се следи преку делата на авторите кои ја одбележале историјата на ликовната сцена во 20-от век (Ханс Хартунг, Виктор Вазарели, Андре Масон, Бернард Бифе, Ники Де Санфал, Георг Базелиц, Зоран Мушич, Џаспер Џонс, Сол ЛеВит...). Поради разновидноста на графичките техники застапени во колекцијата на МСУ, на крајот на оваа публикација е направен преглед на графичките техники и нивните особини. Историја на Катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26.7.1963 година ја поттикна графичката солидарноста во целиот свет. Во склоп на таа солидарност започнаа да пристигнуваат првите донации на уметнички дела за Скопје. Подарените дела поттикнаа збирка на размислувања уште од август 1963 година за конечно на 13.11.1963 година да биде МСУ основан Иницијативниот одбор за основање галерија на модерната уметност, подоцна преименувана во Музеј на современата уметност. Меѓу првите донации се делата од графичарите Џузепе Сантомазо (Италија) и Хап Грисхабер (Германија) кои во тој период се учесници на престижното Светско графичко биенале во Љубљана и по завршувањето на изложбата делата се испратени во Скопје како дел од таа акција. Следуваат иницијативите и донациите од Југословенската академија на науките и уметностите, Друштвото на хрватските ликовни уметници, колекционерот и новинар Герхард Ледиќ, како и Меѓународното здружение на ликовни уметници (AIAP), кое на својот конгрес, одржан во октомври 1963 година во Њујорк, упати апел до уметничките асоцијации и индивидуални уметници во светот да придонесат во создавањето колекција на уметнички дела преку која ќе ја поттикнат обновата на градот. Првата таква акција ја организираше италијанската секција на AIAP под раководство на галеристот Марио Пенелопе, уметникот Енрико Паулучи и Палма Букарели, директорката на Националната галерија на модерна уметност во Рим. Со истата цел во Франција е формиран Комитет за помош на Скопје, што го раководи познатиот писател и историчар Жан Касу и во кој членуваат сликарот Жак Дусе, секретарката на познатиот париски Мајски салон, г-ѓа Жаклин Салц и уметникот и теоретичар Ивон Тајандие; во Комитетот во Англија учествуваат сликарите Денис Боуен, Кенет Коуц-Смит, Питер Б’рд и скулпторот Џеси Воткинс. Како основен фактор за создавањето на богатата графичка колекција на МСУ е Меѓународното графичко биенале во Љубљана основано 1955 година. По основањето на Музејот во континуитет се добиваа донации од најзначајните и наградените графичари на Биеналето и создавањето т.е. заокружувањето на колекциите од Јапонија, Кореја, Словенија, Чешка, Полска, Финска, Италија, Англија... Уште од самото основање Музејот на современата уметност континуирано пристапува кон систематизирање на графичките дела, процес што се заокружува со организирање изложби: 3 1 • Подарени графики од странство-1964 година 2 • Источно-германска графика-1965 година 3 • Запознавање со графичките техники-1966 година 4 • Изложба на графики на Ханс Хартунг и Ана Ева Бергман-1966 година 5 • Графика од Едмонд Казарела-1967 година 6 • Подарени графики од ЧССР и Германска Демократска Република-1968 година 7 • Аспекти на современата графика-1968 година 8 • Чехословачка современа графика-1969 година 9 • Современа графика од Нирнберг-1969 година 10 • Современа полска графика-1970 година 11 • Графика од кoлекцијата на МСУ-1970 година 12 • Графики од колекцијата на МСУ, Скопје-1972 година 13 • Современа графика од Бразил(од колекцијата на МСУ, Скопје)-1972 година 14 • Графики од колекцијата на МСУ, Скопје-1973 година 15 • Избрани графички листови (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1974 година 16 • Некои фигуративни определувања во современата светска графика (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1974 година 17 • Избрани графички листови (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1976 година 18 • Јапонски акварел и графика (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1979 година 19 • Современа македонска графика (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1980 година 20 • Македонска и Норвешка графика (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1980 година 21 • Графичка уметност (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1983 година 22 • Графичка уметност од збирките на МСУ, Скопје-1983 година 23 • Современа јапонска графика (од збирките на МСУ, Скопје)-1984 година 24 • Современа полска графика од (збирките на МСУ, Скопје)-1986 година 25 • Современи скопски графичари (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1986 година 26 • Современа италијанска графика (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1987 година 27 • Светска графика од графичката збирка на Музејот на современата уметност, Скопје-1988 година 28 • Современа југословенска графика (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1988 година 29 • Современа бразилска графика (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1988 година 30 • Графички техники (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1988 година 31 • Современа чехословачка графика (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1989 година 32 • Современа македонска графика (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1989 година 33 • Современа светска графика од колекцијата на МСУ -1991 година 34 • Современа француска графика (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1991 година 35 • Ханс Хартунг (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1993 година 36 • Бернард Бифе графики(од колекцијата на МСУ, Скопје)-1994 година 37 • Американска графика (од збирките на МСУ, Скопје)-1994 година 38 • Полска графика (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1995 година 39 • Јапонски графики и цртежи од колекцијата на МСУ-1996 година 40 • Боб Бони, самостојна изложба на графики (од колекцијата на МСУ, Скопје)-1998 година 41 • Ханс Хартунг и Ана Ева Бергман (од колекцијата на МСУ, Скопје)-2001 година 42 • Марија Бономи, Боб Бони графики (од колекцијата на МСУ, Скопје)-2002 година 4 Македонска Почетоците на современата македонска графика се согледуваат уште во периодот графика од помеѓу двете светски војни, во инцидентните свртувања кон овој ликовен медиум на основоположниците на современата македонска ликовна уметност Димитар збирката на Аврамовски, Никола Мартиноски, Борко Лазески и Цицо Поповиќ, а за време на НОБ МСУ се изработуваат ангажирани графики за пропагандни цели од страна на Ангеле Ивановски, Борко Лазески, Нико Този и итн. Основата на континуираниот развој се остварува по 1945 година кога се основа Училиштето за применета уметност, но за графиката, како самостојно изразно средство со сопствени правила на обликување и изразување на разновидните ликовни барања, може да се зборува дури во педесеттите и шеесеттите години, време кога се појавуваат нови генерации ликовни уметници школувани на ликовните академии во Белград, Загреб и во Љубљана. Овие академски графичари кои дејствувале во шеесеттите години на минатиот век се претставници на едно време на интензивен развој на графиката во Македонија, со што свој придонес дадоа и многубројните графички презентации во поранешна Југославија. Техничко-технолошките услови, упорноста, ентузијазмот и посветеноста кон овој медиум, ги поставија основите и квалитетот на овој ликовен израз во Македонија. Учеството на македонски графичари во Кабинетот на југословенска графика при ЈАЗУ во Загреб, Галеријата на графичкиот колектив во Белград, Меѓународното графичко биенале во Љубљана, изложбите на Белградскиот графички круг, загрепските изложби на современата југословенска графика, Ликовните средби во Суботица, Триеналето на современата графика во Југославија во Битола и др. се само дел од активностите остварени во тој период. Како резултат и на овие влијанија врз градењето на графичкиот ликовен израз во Македонија произлезе извонредно богатата национална и меѓународна графичка збирка на Музејот на современата уметност во Скопје со графички листови од автори од педесет и девет земји, што и дава посебна матичност во регионот. Големо влијание врз македонските графичари, исто така, извршиле и изложбите организирани во Музејот на современата уметност: Десет американски поп уметници-1966 година, Оригинални графички листови на Пабло Пикасо-1967 година, Унгарска применета графика-1967 година, Графика од Едмонд Казарела-1967 година, 40 американски графики-1969 година и Американски психоделичен плакат-1970 година. Секако дека и отворањето на графичкиот отсек на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 1980 година влијае врз континуираниот квалитет на графичката уметност во Македонија. Во Друштвото на ликовните уметници на Македонија се зголемува бројот на академски образовани графичари. Нивната творечка активност придонесе да се организира годишна изложба ДЛУМ-графика, графичките колонии во Гевгелија и во Македонски Брод, колонијата на мал формат во Велес, како и графичките секции на Струмичката колонија. Најзначајни претставници во развојот на македонската графика во педесеттите и во шеесеттите години на минатиот век, а кои ja поставија основата на графичкиот медиум се: Димче Протугер, Јордан Грабул, Ристо Лозаноски, Љубодраг Маринковиќ Пенкин, Ванчо

View Full Text

Details

  • File Type
    pdf
  • Upload Time
    -
  • Content Languages
    English
  • Upload User
    Anonymous/Not logged-in
  • File Pages
    168 Page
  • File Size
    -

Download

Channel Download Status
Express Download Enable

Copyright

We respect the copyrights and intellectual property rights of all users. All uploaded documents are either original works of the uploader or authorized works of the rightful owners.

  • Not to be reproduced or distributed without explicit permission.
  • Not used for commercial purposes outside of approved use cases.
  • Not used to infringe on the rights of the original creators.
  • If you believe any content infringes your copyright, please contact us immediately.

Support

For help with questions, suggestions, or problems, please contact us