
КОРПОРАТИВЕН МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ “Г.Р.Державин“ - Свети Николе - Р.Македонија С П И С А Н И Е на научни трудови ПЕТТА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА «МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК - ЗАПАД» (КУЛТУРА, СЛАВЈАНСТВО И ЕКОНОМИЈА) СВЕТИ НИКОЛЕ, Р.МАКЕДОНИЈА - ТАМБОВ, РУСКА ФЕДЕРАЦИЈА - 2014 - Организационен одбор: претседател: Јордан Ѓорчев - Р. Македонија заменик претседател: Владислав М. Јурјев - Русија член: Бранимир Чович - Босна и Херцеговина член: Здравко Гаргаров - Бугарија член: Душан Николовски - Р. Македонија член: Нина Коваљ - Русија член: Лариса Чович - Србија член: Борче Серафимовски - Р. Македонија Уредувачки одбор: доц. д-р. Јордан Михајловски - Р. Македонија проф.д-р Наталија Сафонова - Русија проф.д-р Стојан Пржовски - Р. Македонија Технички секретар на конференцијата: м-р Сања Стојанова Компјутерска обработка и дизајн: Бојан Спасев Адреса на комисијата: ул.Маршал Тито 77, Свети Николе, Р.Македонија Контакт телефон: 00389 (0)32 440 330 Организациониот одбор им се заблагодарува на сите учесници за соработката! Напомена: Организациониот одбор на Петтата меѓународна научна конференција «МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК- ЗАПАД» не одговара за можните повреди на авторските права на научните трудови објавени во зборникот. Целосната одговорност за оригиналноста, автентичноста и лекторирањето на научните трудови објавени во зборникот е на самите автори на трудовите. ПЕТТА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА - 2014 МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ ИСТОК - ЗАПАД (КУЛТУРА, СЛАВЈАНСТВО И ЕКОНОМИЈА) 3 | страна «МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК - ЗАПАД (КУЛТУРА, СЛАВЈАНСТВО И ЕКОНОМИЈА)» страна | 4 ПЕТТА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА - 2014 СЕКЦИЈА 1 ПОЛИТИКОЛОГИЈА, ИСТОРИЈА, ЛИНГВОКУЛТУРОЛОГИЈА 5 | страна «МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК - ЗАПАД (КУЛТУРА, СЛАВЈАНСТВО И ЕКОНОМИЈА)» страна | 6 ПЕТТА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА - 2014 М-р Никола Амбарков 323.1:81’246.2 (477) “Школа за докторски студии УКИМ”, [email protected] ДВОЈАЗИЧНОСТА ВО УКРАИНСКОТО ОПШТЕСТВО, ПРЕЧКА ИЛИ ПРЕДИЗВИК ВО ГРАДЕЊЕТО НА МОНОЦЕНТРИЧНА УКРАИНСКА НАЦИЈА BILINGUALISM IN UKRAINIAN SOCIETY, AN OBSTACLE OR CHA- LLENGE IN BUILDING MONOCENTRIC UKRAINIAN NATION Апстракт: Целта на овој труд е да се анализира јазичната ситуација во украинското општество, која од распадот на Советскиот Сојуз е карактеризирана од елементи на силна двојазичност. Како таквата двојазичност влијаеше во развојот на современото украинско општество, особено во процесот на градење на украинската нација? Дали двојазичноста е пречка или предизвик во градењето на моноцентрична украинска нација? Колку таквата двојазичност е генератор на перманентна криза во украинското општество, вклучително во контекст на последните драматични случувања во оваа постсоветска република? Ова се само дел од прашањата на кои ќе се направи обид да се одговори во овој труд. Клучни зборови: јазик, двојазичност, поделено општество, Украина, градење на нација; Abstract: The purpose of this paper is to analyze the linguistic situation in Ukrainian society, which from the dissolution of the Soviet Union is characterized by a strong element of bilingualism. How this bilingualism influenced the development of modern Ukrainian society, especially in the `building’ of the Ukrainian nation? Is bilingualism an obstacle or challenge for building monocentric Ukrainian nation? How much the bilingualism is a generator of permanently crisis in Ukrainian so- ciety, including in light of the recent dramatic developments in this post-Soviet republic? These are some of the questions that will try to be answered in this paper. Key words: language, bilingualism, divided society, Ukraine, nation building; Во Веберовото поимање за нацијата, јазикот отсекогаш го имал примарното значење, во контекст на културниот фактор како еден од трите значајни фактори, напоредно со политичкиот и психолошкиот, како клучни супстрати кои влијаат врз формирањето на нацијата.1 Од друга страна, ваквите размислувања може да останат контрадикторни сами по себе, ако се знае дека во современоста, постојат културни групи кои имаат различен јазик, но остануваат да коегзистираат во рамките на единствена политичка структура, односно единствена нација. По распадот на Советскиот Сојуз, јазичната ситуација во Украина, беше карактеризирана со сеопшто владеење на украинскиот и рускиот јазик и првенствено користење на овие јазици од еднаков број на граѓани2. Украинското општество во јазична смисла, беше сочинето од монолингвални (русофони и украинофони говорители), билингвални и т.н суржик3 – говорители. Ако јазикот е еден од индикаторите за постоење на нацијата, повеќе од две децении од независното егзистирање на современата украинска држава, само по себе се наметнува прашањето дали при една ваква лингвистичка опстановка постои украинската нација? Одговорот на ова прашање може да се пронајде во ставовите на поранешниот американски амбасадор во Советскиот Сојуз, Џек Метлок, искажани на неговиот блог, а во врска со последната политичката криза со која се соочува оваа постсоветска република: 1 Weber, Max, Nation во зборникот: Hutchinson, Jhon & Anthony, D., Shith, eds., Nationalism, Ohford University Press, Oxford New York, 1994, (str. 21-25). 2 Според украинскиот социолог, Виктор Гродјаненко, украинофони се првенствено западните и централните региони на земјата со околу 24 милиона жители, додека југо-истокот на Украина со 27, 5 милиона жители е претежно русофон; види Городяненко В. Г. «Особенности языковой ситуации в Украине». 3 Станува збор за назив со цел да означи лица кои говорат еден вид на мешавина од руски и украински јазик, алудирајќи на прочуениот леб суржик кој се прави од мешавина од пченично брашно и некој друг вид на житно - зрнесто растение. 25.04.2014 год. 7 | страна «МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК - ЗАПАД (КУЛТУРА, СЛАВЈАНСТВО И ЕКОНОМИЈА)» „Факт - Украина е држава, но сеуште не е нација. За 22 години не бeше пронајден лидер кој можеше да ги консолидира граѓаните во рамките на украинскиот идентитет. Тоа што се случува не треба да се разгледува, како руско вмешување, чија последица беше расчленувањето на украинскиот народ, бидејќи земјата предходно беше образувана по безсистемен принцип од делови кои не беа заемно сврзливи“.4 Тука пред сѐ, се алудира на Источна Украина, која уште во 17 век со одлуката од Пријаслев (1654), на запорошките козаци, предводени од Богдан Хмељницки, беше припоена кон Руската империја додека западниот дел со векови беше под контрола на Полска и Австро-Унгарија. Овие историски собитија, многумина во украинските националистички кругови, ги сметаат за судбоносни по однос на неможноста за пораното реализирање на укранската национална идеја, вклучително и во контекст на зачувување на нивниот украински јазичен идентитет, бидејќи јазикот го зборуваа само руралните слоеви, а со два декрета од страна на рускиот цар системски и целенасочено беше прогонуван и официјално забрануван во Руската империја. Еден од водечките украински националисти, лавовјанката Ирина Фарион, која рускиот политички деец, Валерија Новодворскаја ја опиша како „паметен човек, тврд филолог, приврзаник на традициите на УПА5“6, во едно свое обраќање во Лавовската месна Рада, неможноста за пораното историско `зреење’ на украинската нација го поистовети токму со историските премрежја од пред цели три века: „започнувајќи уште во ерата на средновековието со големиот Данте и неговата Боженствена комедија, напишана не на латински, туку на тоскански дијалект, уште тогаш започнаа да се утврдуваат националните држави, но ние не можевме тоа да го достигнеме, ние не стигнавме, нас не `растрелаа’ Пријаслевската Рада.“7 Токму од страна на украинските националистички кругови, политички обединети под егидата на Сеукраинското Обединување „Слобода“, а по изборите 2012 и за првпат претставени во највисокиот законодавен дом на земјата - Врховниот совет (Радата), и најповеќе се експлатира јазичната тематика, како клучна во градењето на државотворна украинска нација, во чиста етничка смисла. Во овој контекст, украинските националисти, се поборници за агресивна украинизација во земјата, преку исклучиво користење на украинскиот јазик во сите државни институции, вклучително и во наставата, која во сите училишта треба да се изведува исклучиво на украински јазик, додека на јазичните малцинства да им биде гарантирано право само на неделни курсеви за негување на мајчиниот јазик. Што се однесува до средствата за масовна комуникација, содржините на украински јазик не смеат да бидат помалку од 78%, колку што е уделот на етничките Украинци според последниот попис во земјата8, а украинските производи да се декларираат исклучиво на украински јазик. Воопшто не е за изненадување што овие кругови жестоко реагираа, на Законот за основите на државната јазична политика од 2012, кој во Украина гарантираше користење на регионалните јазици, во законодавно утврдени сфери напоредно со државниот украински јазик, во оние региони каде носителите на регионалниот јазик учествуват во вкупниот уделот на регионалното население со повеќе од 10%. Со промената на власта во Украина, по политичките превирања од февруари 2014, на 4 види JackMatlock.com Ukraine: The Price of Internal Division, March 1, 2014 5 УПА - е кратенка за Украинската востаничка армија, маштабна воена сила на Организацијата на украинските националисти, чии воени дејствија се продолжеток на нерешеното украинско национално прашање, меѓу двете светски војни и во повоениот период, предводена од Роман Шухевич и Степан Бандера. 6 Lenta-ua.net „Новодворская в восторге от Фарион“, 14 ноября 2012. 7 Ірина Фаріон, виступ на сесії Львівської обласної ради, 27 листопада 2013. 8
Details
-
File Typepdf
-
Upload Time-
-
Content LanguagesEnglish
-
Upload UserAnonymous/Not logged-in
-
File Pages541 Page
-
File Size-