Conference Proceedings

Conference Proceedings

1st International Conference on Cultural Heritage, Media and Tourism Прва меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам Conference Proceedings Ohrid, Macedonia 18-19.01.2013 Organizers: Institute for Socio-cultural Anthropology of Macedonia University for Audio-Visual Arts, ESRA- Skopje, Paris, New York Euro-Asian Academy for Television and Radio, Moscow, Russia Program Committee: Rubin Zemon, Ph.D. (University St. Paul the Apostle), Ohrid, Macedonia Lina Gergova, Ph.D. (Bulgarian Academy of Sciences, Institute of Ethnology and Folklore Studies with Ethnographic Museum) Sofia, Bulgaria Yasar Tonta, Ph.D. (Hacettepe University) Ankara, Turkey Armanda Kodra Hysa, Ph.D. (University College London, School of Slavonic and East European Studies) London, UK) Lidija Vujacic, Ph.D. (University of Monte Negro) Niksic, Monte Negro Dimitar Dymitrov, Ph.D. (Academy of Film, Television and Internet Communication) Sofia, Bulgaria Gabriela Rakicevic, Ph.D. (Faculty of Tourism and Hospitality)Ohrid, Macedonia Misho Netkovski, Ph.D. (University for Audio- Visual Arts/ ESRA) Skopje, Macedonia Organization Committee: Rubin Zemon, Ph.D. (University St. Paul the Apostle), Ohrid, Macedonia Verica Dzijanoska, (Institute for Socio-Cultural Anthropology of Macedonia) Samoil Malcheski, Ph.D. (University St. Paul the Apostle), Ohrid, Macedonia Jane Bakreski, Ph.D. (University St. Paul the Apostle), Ohrid, Macedonia Dijana Capeska-Bogatinoska, M.Sc. (University St. Paul the Apostle), Ohrid, Macedonia Lina Miloshevska-lecturer (University St. Paul the Apostle), Ohrid, Macedonia Goran Shibakoski, M.Sc. (University St. Paul the Apostle), Ohrid, Macedonia Mersiha Ismaljoska, M.Sc. (University St. Paul the Apostle), Ohrid, Macedonia Contact Information: Institute for Socio-Cultural Anthropology of Macedonia, st. Vasil Glavinov b.b., barrack 7, 100 Skopje phone: +389 2 3220 472, cell: +389 76 271411 e-mail: [email protected], www.conefernce.ubaeg.org 1st International Conference on Cultural Heritage, Media and Tourism, Ohrid, Macedonia Почитувани, Почитувани учесници на Првата меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми, Почитувани дами и господо, Дозвелете на почекот да ви посакам добредојдововте во Охрид, градот на Св. Еразмо, Св. Климент и Св. Наум, на царот Самоил, Синан Челеби, Григор Прличев, Кузман Шапкарев, Живко Чинго, градот каде е пронајден храм на египетскста божица Изида, каде можете да ги видите велелепните споменци на културата како црквата Св. Софија, Св. Богоридица Перивлепта, Св. Јован Канео, локалитетот Плаошник, Теќето на Зејнел Абедин Паша, како и Спомен куќата на Робевци и Спомен Домот на Григор Прличев. Во текот на изминатите неколку децении, забележливо е зголемувањето во употребата на визуелни и дигитални техники за истражување, документација, менаџмент, презентација и комуникација на/со културното наследство. Печатените, видео и аудио медиумите, како и "новите медиуми" добија улога на главни средства за зачувување и афирмација на културното наследство, но и како главни алатки за промоција на вредностите на културното наследство како туристички производи. Сето ова драстично го трансформира начинот на кој ние прифаќање, чуваме, процесуираме, презентираме и дистрибуираме информации. Користењето на "старите" и / или "новите" медиуми станаа потребни алатки во образовниот процес во врска со антропологијата, археологијата, книжевноста, историјата, уметноста и други хуманистички и општествени науки. Дигиталната хуманистика, дигиталната антропологија, 3-D археологија и другите интердисциплинарни студии го зголемија својот интерес кај многу научници, истражувачи, студенти, музејски работници, ИТ програмери, 3D (ре)конструктори итн. Културното наследство, медиумите и туризмот имаат многу заеднички точки за контакт, интеракција и надополнување. Сите полиња се посветуваат и на објаснувањето и презентацијата на културните вредности на општеството. Интердисциплинарниот пристап помеѓу овие области би имало за цел давање на поквалитетни резултати особено на туристичките понуди и создавањето на туристички производи. Ова е исклучително важно во процесот на идентификација и мапирање на антропогените и други туристички атракции, како и за презентирање на културните вредности преку различни видови на медиуми. Во ерата на глобализација, автоматизација и дигитализација на секое можно човечко изразување, во најширока смисла на зборот, од музика до театар, од дизајн и сликарство до фонетика, се покажаа како процеси кои силно се 1 1st International Conference on Cultural Heritage, Media and Tourism, Ohrid, Macedonia наметнуваат во работата на секој научник, ескперт, новинар, туризмолог, наставник, уметник или било која професија. Целта на секој истражувач во современо време е да ги прошири своите видици и да ја развие креативноста преку соодветно интегрирање на технологијата и економската рационалност во нивните научни активности, како што се употреба на технологии за анализа на текст, GIS, интерактивни игри и мултимедијалност во истражувањата и учењето на историјата, филозофијата, литературата, религиозните студии, социологијата, бизнис секторот, економијата итн. Учеството и поврзувањето на различни актери (студенти, истражувачи) од различни дисциплини во заеднички мултидисциплинарен тим има за цел да ја прошири логичката рамка и границите на размислување во генерирање на таканаречено “дизајнерско размислување“ (design thinking) кое нуди мултидисциплинарен пристап во решавањето на најсложените проблеми во истражувачката работа и иновирањето. Се повеќе се напушта индивидуалниот пристап и гледањето на работите само од една страна (страната и интересот на “тоталитарното“ размислување) и се воведува таканаречено размислување “надвор од границите“(»outside the box« thinking) заради создавање на рационални и економско исплатливи решенија при тоа почитувајќи го индивидуалниот пристап и мислење на индувидуата, преку оставање на простор за размената на идеи, ставови во групата заради донесување на рационални и синергетски издржани одлуки, решенија и проектни идеи, зад кои ќе стои целиот тим. Примарниот ефект на компјутеризацијата не е да го забрза темпото на хуманистичките истражувања,туку да обезбеди нови патишта на пристап и нови парадигми за проблемите во проучувањата на човечките културни артефакти. Неколку фактори го направија туризмот посебно релевантен за културно наследство и хуманистичките науки. Туризмот ги опфаќа човековите општества. Луѓето, во скоро секое општество на некој начин се во контакт со туризмот. Многу антрополози сведочат од прва рака за промените настанати од туризмот во нивните истражувачки терени. Местата од одредена дестинација, кои се многу интересни за истражувачите на културното наследство, се повеќе се отворени према туризмот, особено откако се глобализира светската економија, и меѓународните мрежи на сообраќај и транспорт се подобрија. Денес, туристите имаат пристап дури и до најнедостапните дестинации на Амазон, Хималаите, Антартикот. Економското значење на туризмот исто така предизвика големо внимание од страна на научниците кои се занимаваат со културното наследство. Туризмот е значаен катализатор на економскиот развој и социо-политичките промени, процеси кои се во фокусот на интересот на многу антрополози, социолози, културолози, политиколози и се разбира туризмолози, а особено за тие кои се занимаваат со одржливиот развој и заштитата. 2 1st International Conference on Cultural Heritage, Media and Tourism, Ohrid, Macedonia Исто така, туризмот го задржува вниманието на научниците и експертите од хуманистичките и општествените науки и поради тоа што вклучува соочување лице-со-лице помеѓу луѓе со различно културно потекло. Кога туристите и локалното население се сретнуваат, и двете страни имаат можност не само да погледат едни со други, но и да ги огледаат своите животи преку очите на другите. Оваа културна интеракција често е предмет на широки теоретки прашања и анализи. Почитувани дами и господа Интердисциплинарното работење како и споделувањето на истражувањата, знаењата и спознанијата на научниците и експертите од областите на културното наследство, медиумите и туризмот, е релна неопходност на современието во ерата на глобализацијата и големиот научно-технолошки и информатички развој. Новите времиња, донесуваат нови предизвици и бариери, но и нови пошироко граници на можностите. Поради тоа, оваа Прва меѓународна конференција за културното наследство, медиумите и туризмот претставува наш скромен придонес кон исполнувањето на нашата заедничка глобална мисија. На оваа конференцијата ќе бидат презентирани 52 современи трудови или истражувања, од страна на 63 еминетни научници и експерти што доаѓаат од 12 земји. Нашите планирања се да вакви или слични конференции организираме традиционално во Охрид, градот под заштита на УНЕСКО, за време на чествувањата за празникот Водици, бидејќи сметаме дека токму оваа место заслужува да биде научен, културен, медиумски и туристички центар во овој период. Дозвелете на крајот да им се заблагодарам на сите кои на некој начин во овие кризни времиња ја подржаа оваа конференција, а тоа се Заводо за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, Факултетот за Туризам и Угостителство Охрид, Универзитетот за Информатички Науки и Технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид, и се разбира покровителот Општина Охрид. Ви благодарам, Д-р Рубин Земон Претседател на Организациониот Одбор 3 1st International Conference on Cultural Heritage, Media and Tourism, Ohrid, Macedonia CONTENT/СОДРЖИНА I. Cultural Heritage Проф. д-р Методија Ангелески, Милена

View Full Text

Details

  • File Type
    pdf
  • Upload Time
    -
  • Content Languages
    English
  • Upload User
    Anonymous/Not logged-in
  • File Pages
    254 Page
  • File Size
    -

Download

Channel Download Status
Express Download Enable

Copyright

We respect the copyrights and intellectual property rights of all users. All uploaded documents are either original works of the uploader or authorized works of the rightful owners.

  • Not to be reproduced or distributed without explicit permission.
  • Not used for commercial purposes outside of approved use cases.
  • Not used to infringe on the rights of the original creators.
  • If you believe any content infringes your copyright, please contact us immediately.

Support

For help with questions, suggestions, or problems, please contact us